РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ
Насловнапроектот
УРЕДУВАЊЕ, ПРОМОЦИЈА И ЗАШТИТА НА
БИСЛИМСКАТА КЛИСУРА
Лидер партнер
Здружение
НАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ КумановоПартнери во проектот
1. Локална
акциона група ЛАГАБЕР 20152. Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово
Приоритетна област:
Туризам и култура
Место на имплементација на проектот:
Бислимска
клисура, општина Куманово
Севкупна цел на проектот:
Цел на проектот еподобрување на туристичката понуда во регионот, преку интервенции на најпосетуваното излетничко место во Куманово. Ова претставува една долготрајна активност, од која нашиот проект е само дел, а е темелена врз основните заклучоци од Студијата за развој на Бислимска Клисура, издадена од Центарот за развој на Североисточен плански регион. Предвидуваме зголемување на бројот на посетители за 30%, во следните 5 години.
Конкретна цел на проектот:
Промоција, туристичко подобрување и заштита на Бислимската Клисура, кое ќе се постигне преку
• Поголем број на активности за рурален и алтернативен туризам во Бислимска Клисура – преку подобрување на туристичката инфраструктура (инфо табли, видиковец, рампа, ограда) ќе се зголеми бројот на туристи, а со дигитализиран приказ на културното наследство
• Еколошка заштита преку планираните настани
• Вклучување на локалното население во понудата – преку информирање за можностите за прилагодување на нивните домови за издавање за сместување
Целна група на проектот:
Туристите, пред се млади авантуристи (домашни и странски) – според податоците кои ги добивме од ЛАГ АБЕР 2015, кои управуваат со опремата за авантуристички туризам, клисурата годишно ја посетуваат околу 5000 туристи, од кои ок. 2000 мажи, 2500 жени и 500 деца
Локалното население – 500 жители од околните села, од кои според последните податоци, 60% се мажи, 40% жени
Очекувани резултати по проектот:
• Подобрена туристичка понуда на Бислим
• Едукација и инклузивност на локалните чинители во туристичката понуда. Тоа ќе го постигнеме со планираните активности, со чие имплементирање, како краен резултат ќе имаме:
• Поставени 5 (пет) инфо табли на утврдени локации
• Набавена реквизити за движење по хајкинг стази – 1 видиковец, 1 рампа за качување, 3 огради
• Одржани 2 (две) еко акции
• Маркирани 2 (две) нови патеки
• Најмалку 2 (две) куќи прилагодени за сместување на туристи
• Направен веб сајт за Бислим
• Дигитализирање на културно наследство во клисурата (augmented reality за лок. Градиште, Бислим) една апликација со qrкод
ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ
Проектот “УРЕДУВАЊЕ, ПРОМОЦИЈА И ЗАШТИТА НА БИСЛИМСКАТА КЛИСУРА”, проект спроведуван како дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2)”, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е финансиран од Општина Куманово, врз основа на број Reference No. (BIH 10/00120547- LVGA_ZNU_2023-19).