УРЕДУВАЊЕ, ПРОМОЦИЈА И ЗАШТИТА НА БИСЛИМСКАТА КЛИСУРА

Активности по проектот

• дизајнирање, пополнување со содржини и монтирање инфо табли – активноста е неопходно со цел локацијата да добие информативни табли кои се од корист за посетителите. Дизајнот ќе биде вршен од набавувачот, а содржините ќе бидат пополнети од обласни експерти

• опсервација на терен за најсоодветно поставување на урбана опрема – постојат повеќе локации кај кои е потребна интервенција за поставување на ревизити за движење на туристи. Проектниот тим ќе ги определи најсоодветните кои одговараат за оваа цел

• набавка на патни реквизитиза потребите на туристите – набавката се изведува со цел да се обезбеди насочено движење на посетителите, и безбедност при нивното движење

• монтирање– монтирањето ќе го врши фирмата која ќе ги обезбеди материјалите за опрема

• јавен повик за учество во еко акции (2) – планираме две акции,  за кои што сакаме да се пријават повеќе учесници. За таа цел, преку мрежата од членови на партнерите, преку социјалните медиуми ќе повикаме на масовно присуство на акциите

• набавка на материјали (ќеси, ракавици и сл.) за самите еко акции – материјалот за чистење ќе биде поделен на учесниците на акциите

• одржување на еко акции  – две еколошки акции за чистење во клисурата, за учесниците ќе биде обезбедено освежување

• набавка на материјали за маркација на патеки – сетот наведен во буџетот е неопходен за да се изврши оваа активност, а неговата количина се темели на нашето претходно искуство 

• маркирање на патеки – ќе бидат маркирани две нови патеки, со што ќе се дуплира бројот на планинарски и хајкинг патеки во Клисурата

• анкета за спремност на месното население за учество во обуки за прилагодување на нивните домови за сместување

• јавен повик за изразување на интерес за обуки за прилагодување на домовите за сместување – со цел обезбедување на потребен број на учесници во обуката, повторно ќе се користи мрежата од членови која преку социјални медиуми ќе го дистрибуира повикот

• оддржување на обуки – обуките ќе бидат одржани од стручни  лица, истите ќе спремат курикулум со програмски активности врз основ на кој ќе ги изведат обуките

• собирање на материјал за сајтот – за потребите на подобрена туристичка понуда, како клучно се наметна проблемот со непостоење на сајт за запознавање со Бислимските атракции. Затоа, првин ќе започнеме со собирање на факти и фотографии кои ќе ги употребиме на сајтот

• дизајнирање на сајт – сајтот ќе ги содржи вообичаните икони, за пример ќе ни послужат сајтовите на Матка, Стоби и Охрид

• објавување на сајт – ќе биде поставен на домејн

• изработка на апликација за аугментативна реалност преку дигитализација на локалитет Градиште – ова претставува пионерска активност во земјата, а која е вообичаен начин на претставување на реконструкции од културното наследство во светот. Апликацијата за Аугм. Реалити всушност е апликација за андроид телефони, која работи по скенирање на qrкод. Кога тоа ќе го направи посетителот и го постави својот смарт уред во своето видно поле, пред него ќе ја гледа 3д рекнструкцијата на тврдината и новооткриената базилика на лок. Градиште во Бислим. До сега, ваква активност кај нас е правена само на лок. Стоби., а показателите од Србија покажуваат дека по употребата на оваа техника на културните споменици, нивната посетеност се зголемува за 25-30% годишно

 

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ

Проектот “УРЕДУВАЊЕ, ПРОМОЦИЈА И ЗАШТИТА НА БИСЛИМСКАТА КЛИСУРА”, проект спроведуван како дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2)”, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е финансиран од Општина Куманово, врз основа на број Reference No. (BIH 10/00120547- LVGA_ZNU_2023-19).

Бислимска клисура