НАСТАНИ

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА 1

На ден 02.12.2023 год. беше успешно спроведена првата еколошката акција во рамки на проектот за прочистување на село Пчиња и околината на Бислимската клисура. Голема благодарност до сите учесници кои ни помогнаа во оваа акција да биде успешно завршена. Се трудиме да бидеме пример за младите и за сите други жители од с. Пчиња и апелираме до сите жители да ја чуваме нашата околина и природа. За чиста и зелена Пчиња!

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА 2

На ден 03.02.2024 год. беше успешно спроведена втората еколошката акција во рамки на проектот за садење на дрвца во село Пчиња и околината на Бислимската клисура. Беа насадени повеќе од 100 дрвца и воедно беше исчистен теренот каде беа засадени дрвцата. Голема благодарност до сите учесници кои ни помогнаа во оваа акција да биде успешно завршена.  За чиста и зелена Пчиња и Бислимска клисура!

РЕАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ

На ден 12.04.2024 год. беше успешно спроведена првата обука во рамки на проектот на тема “Давање услуги на туристи во рурален туризам и EUROGITES стандарди и критериуми за квалитет” Обуката беше спроведена во Задружен дом во с. Пчиња од страна на предавачите Проф. Д-р. Дејан Методијевски и Д-р. Чедомир Димовски.

РЕАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ

На ден 22.04.2024 год. беше успешно спроведена втората обука во рамки на проектот на тема “Иновации, конкурентност и брендирање на производи / услуги за селски туризам” Обуката беше спроведена во Задружен дом во с. Пчиња од страна на консултантот Д-р. Јасна Пајковска.

РЕАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ

На ден 23.04.2024 год. беше успешно спроведена трета обука во рамки на проектот на тема “Социјални мрежи / дигитален маркетинг”. Обуката беше спроведена во Задружен дом во с. Пчиња од страна на консултантот М-р. Јован Стојменовски.

ЗАВРШЕН НАСТАН ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ

Бислимска клисура